Тешка сообраќајна несреќа кај Лескоец, повредени две лица
Тешка сообраќајна незгода во која се повредени две лица се случи синоќа после 22:00 часот на патниот правец Охрид-Битола, во близина на Лескоец.
| | Охрид
Тешка сообраќајна незгода во која се повредени две лица се случи синоќа после 22:00 часот на патниот правец Охрид-Битола, во близина на Лескоец.
Возило марка „Голф“ со охридски регистерски таблички, удрило во две помлади лица, кои се движеле со велосипеди по коловозот, по што излетало од патот. Повредените биле итно префрлени во охридската Општа болница. Неофицијално нивната здравствена состојба е стабилна и се надвор од животна опасност.
Од СВР Охрид најавуваат повеќе информации за во текот на денешниот ден.