Туристички Охрид вон сезона живнува само за викенди
Голем дел од хотелско – угостителските објекти на брегот на Охридското Езеро се под клуч, го користат овој период од годината за реконструкции и подготовки за новата туристичка сезона. Велат февруари и март се месеци кога има најмалку промет и едвај се покриваат трошоците.
Забележителен е мал број туристи и тоа само за викенди.
„Секако после Новогодишните празници повеќето ресторани, хотелско угостителксите објекти овој период го користат за рекуперација, рнеовирање, спремање тоа е тој период кога нема голем приод и промет на гости. Сега за осмомартовските празници ке има некоја раздвиженост но тоа нема да биде онаа раздвиженост која ја очекуваме ние охриѓани. Поголема раздвиженостс е очекува од месец април ” вели Челик Асим туристички работник од Охрид.
Охрид мора да ги следи новите трендови на туризам. Современите туристи бараат доживување и добро спакувана приказна. Според експертите потребно е таргетирање на нови туристички пазари и повеќе чартер летови.
„Mожеме да работиме на таргетирање да го направиме декември , јануари и дел од февруари врзани со настани. Меѓутоа мора да размислиме и малку да се корегираме со цените во тие периоди. Најдобро е скандинавските земји да ги земеме како таргетна група првично е да имаме лет “, вели професорката Ангела Паскуале од ФТУ.
Охридскиот регион треба да го избегнува масовниот, да се фокусира на алтернативен, културен и одржлив туризам. Да се понуди, но и да се сочува богатото природно културно наследство со кое изобилува регионот. Засега велосипедизам, кајакарење, едрење, планинарење е дел само од индивидуалната понуда на ентузијастите.
Новинар Соња Рилковска
Фотографија : Ѓоко СИМЈАНОСКИ