Утре по повод големиот верски празник Велики Поклади (ПРОЧКА), традиционално и оваа година во Велгошти ќе се одржи маскенбал „Емшири 2026″.

Организатор на маскенбалот е М.З. на с.Велгошти и е финансиски поддржан од Општина Охрид.
-За сите маскирани дечиња, емширчиња, се обезбедени симболични подароци, велат организаторите.
Почетокот на маскенбалот е закажан во 11 часот на спортското игралиште „Тодор Александров”.