Skip to main content

Утре ќе се одржи 5. хуманитарен планинарски марш во спомен на Трајан Целески-Тачо

Утре ќе се одржи 5. хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески-Тачо“.
 |  инфодеск  | 

Утре ќе се одржи 5. хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески-Тачо“.

– После пет години од прераната смрт на нашиот „брат“ Тачо, споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух се се’ уште инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме. Традицијата нека се раѓа спонтано. Планинарски марш ќе има и оваа година. По тој повод, во недела, на 7 ноември, ве покануваме на петтиот по ред меморијално-хуманитарен марш кој ќе започне во близина на неговиот дом, односно од спортското игралиште кое од неодамна, во негова чест, го носи негово име, информираат организаторите.

Маршот започнува од населбата „Видобишта“, преку манастирот „Свети Никола“, Велгошти и назад, а е во должина од 10 километри во двата правци. Водич на турата ќе биде Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање кај нас и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг.

Организаторите додаваат дека доброволни прилози ќе може да се остават во хуманитарни кутии на ОО на Црвен крст од Охрид, а за повеќе информации заинтересираните лица може да се обратат на броевите 078/668-353 и 078/355-291.