Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа со зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Од УХМР информираат дека продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Температурите во Охрид денес од 0 до 11 степени Целзиусови.
Фото: Ѓоко Симјаноски