Skip to main content

УХМР

УХМР: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Во Охрид минималните температури од 7, а максималните до 18 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Охрид минималните температури од 7, а максималните до 18 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека следува период на променливо облачно време, по одделни котлини со појава на утринска магла. Утре ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во деновите од следниот викенд.