Skip to main content

УХМР

УХМР: Следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

Во Охрид денес минималните температури од 6, а максималните до 18 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Наутро по одделни котлини со појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Во Охрид денес минималните температури од 6, а максималните до 18 степени Целзиусови.

Од УХМР велат дека следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (локално над 60 km/h).