Skip to main content

Учебниците за „Кембриџ“ програмата полека пристигнуваат

Речиси на самиот крај на првиот училишен месец, полека привршува дистрибуцијата на учебниците по програмата Кембриџ во охридските училишта. Оштетените и дотрајани учебници пак, ќе се заменуваат тековно, според Законот за учебници од основно и средно образование, информираат од охридските училишта.

 |   | 

Речиси на самиот крај на првиот училишен месец, полека привршува дистрибуцијата на учебниците по програмата Кембриџ во охридските училишта. Оштетените и дотрајани учебници пак, ќе се заменуваат тековно, според Законот за учебници од основно и средно образование, информираат од охридските училишта.

Охридските ученици полека ги добиваат учебниците по кои ќе можат да учат според Кембриџ програмата. Од охридските училишта информираат дека неделава пристигнаа и учебниците за седмо, осмо и деветто одделение по предметот Математика на кои најдолго се чекаше. Меѓутоа сеуште се чека на одредени учебници по оваа програма на албански и турски јазик. За доцнењето во дистрибуцијата на учебниците ги контактиравме од печатницата „Арс Ламина“ од Скопје каде се печатат и дистирбуираат учебниците, од каде само не информираа дека, договорот склучен со Министерството за Образование ќе биде во целост испочитуван. За причината за доцнењето во дистрибуцијата и нејзино целосно реализирање, конкретен и официјален одговор за жал не добивме. Лиле Маркоска од одделението за образование од Општина Охрид, не информира дека досега до нив не пристигнале забелешки за дистрибуцијата на учебниците, ниту од страна на родителите ниту од страна на наставниците.

Друг проблем со кој родителите и учениците се среќаваат во првиот месец од учебната година, се оштетените и дотрајани учебници. Уништени корици, одлепени страници, и многу самолеплива лента е секојдневието на родителите кои се обидуваат да ги доведат во ред старите учебници.

Имено според според Законот за учебници од основно и средно образование, бесплатните учебници може да се користат во период од пет години. Имено до крајот на месец мај според законот, училиштето е должно да ја извести Педагошката служба за бројот на неупотребливи и оштетени учебници, а Педагошката служба пак, СЕКОЈА година да врши замена на оштетените учебници со нови. Е сега на училиштата останува да ја искористат законската можност за замена на оштетените учебници со нови, од каде велат дека ваквите учебници се заменуваат тековно.

Да се надеваме дека проблемите со учебниците кои речиси секоја година се најактуелни во првиот училишен месец овој пат конечно ќе се надминат, а учениците ќе можат слободно да запловат во образониот процес.