Skip to main content

ЈЗУ Општа болница Охрид

Хуманоста на дело: ВИС Билјана, Брајтм и Виктор донираа 180.000 денари на одделението за педијатрија

ЈЗУ Општа болница Охрид: Од срце им благодариме на сите кои донираа, донираните средства директно ќе влијаат на унапредување на здравствената грижа, дијагноза и третман на најмалите пациенти.
 |  инфодеск  | 

Од ЈЗУ Општа болница Охрид информраат дека финансиските средства собрани од хуманитарниот концерт во чест на Андреј Лаброски кој се одржа оваа година, ВИС Билјана заедно со @брајтм и Виктор донираа 180.000 денари на одделението за педијатрија во Општа болница Охрид.

Од Болницата информираат дека донирани се два клима уреди и сервис на еден клима уред, ЕКГ со педијатриски штипки и пумпици, пулсоксиметар со неонатален сензор, како и четири медицински креветчиња.

Од средствата собрани на забавно – хуманитарен настан “На Бована Сараиште” на одделението за педијатрија донирани се : грејни тела, чаршафи, штитници за душеци и ќебиња.

-Од срце им благодариме на сите кои донираа, донираните средства директно ќе влијаат на унапредување на здравствената грижа, дијагноза и третман на најмалите пациенти, велат од ЈЗУ Општа болница Охрид.