Центарот на Охрид денес претпладне без вода
Денес ќе има прекин во снабдувањето со вода за домаќинствата кои се лоцирани на потегот на улиците „Димитар Влахов“ и на дел од улицата „Партизанска“.
| | Охрид
Денес ќе има прекин во снабдувањето со вода за домаќинствата кои се лоцирани на потегот на улиците „Димитар Влахов“ и на дел од улицата „Партизанска“.
Прекинот во водоснабдувањето е поради интервенција на водоводна линија. Ќе се врши промена на главен шибер на објект.
Екипите на ЈП „Проаква“ РЕ Водовод ќе работат на терен во период од 08.30 часот до 13.00 часот.