Skip to main content

Синдикални протести

Штрајк за минималец во управата и правосудството

Вработени во судската администрација и фондовите во Охрид го искажаа своето незадоволството од непочитување на Законот за минимална плата. Бараат нето плата од 18 000 денари веднаш за сите вработени кои во овој момент се под законскиот минмум и линерано зголемување на сите останати плати за износ од 2806 денари. Платата за месец март се исплаќа по старо , но кој ќе ја сноси одговорноста за непочитување на Законот за минимална плата? – прашуваат вработените во управата и правосудството.
 |  Маја Савиќ  | 
Штрајк за минималец

Судските службеници во Охрид денеска излегоа на предупредувачки двочасовен штрајк за минималец пред Основниот Суд. На тој начин тие се приклучија на протестот кој го организира Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) низ цела држава. Бараат исплата на минималната плата веднаш за сите вработени кои во овој момент се под законскиот минимум и линерано зголемување на сите останати плати за износ од 2806 денари.

Штрајк за минималец УПОЗ


„Скоро сите вработени од Г категорија вработени, референт, помлад , виш и самостоен референт се сите со примања под новоутвредената минимална плата и тоа е околу 50 до 60% од вработените. Додека останатите сега ќе бидат до минималната плата, како стручни соработници со положен правосуден испит ќе имаат примања до минималната плата. “ – изјави Ангелко Попески – Претседател на синдикат при Основен суд Охрид.

Синдикат УПОЗ Охрид

Незадоволството кај вработените во управата и правосудството е дотолку поголемо, затоа што нивото на месечните примања кај нив е замрзнато со години.


„Само кај нас, од јавниот сектор досега нема зголемуавање на платата од 2018 год, додека во другите сектори зголемени им се примањата и по неколку пати. “ – вели Попески.

Штрајк за минималец ФЗОМ

Вработените во Фондот за пензиско и здравствено осигурување во Охрид добиле плата за март пониска од законскиот минимум од 18 000 денари. И тие денеска се приклучија на протестот од Синдикатот на УПОЗ. Бараат исплаќање на минимална плата согласно Закон.
Стојче Тасески, повереник на Синдикалната организација УПОЗ при ФЗОМ за ТВМ вели се надеваат дека работодавачот ќе најде начин да изврши доисплата на платите до законскиот износ на десеттината вработени кои добиле пониска плата од минималецот. Но прашува што е со останатите категории и работни групи каде е потребно усогласување на платите односно нивно зголемување за 2 800 денари.
Денеска се протестираше во сите оние институции каде имаат синдикални организации, како што се министерства, агенции, фондови, управи и судови. Штрајк со прекин на работата од 10 до 12 часот е најавен и за утре.