Skip to main content

Охрид бара да биде администриран од Софија!

Бугарските новинари “се пошегуваа” со охридскиот градоначалник!
Денот на шегата, 1-ви април, искористен за уште една провокација од страна на Бугарија.

 |  инфодеск  | 
петрески-борисов
petreski-borisov


Бугарските новинари “се пошегуваа” со охридскиот градоначалник!
Денот на сегата, 1-ви април, искористен за уште една провокација од страна на Бугарија.

Во денешното он-лине издание на бугарскиот ФОКУС, осамна интервју со охридскиот градоначалник Александар Петрески. Ништо невообичаено и ново, доколку во него не беше пренесен ставот на градоначалникот за “воведување на принудна управа во Охрид од страна на бугарската влада??!!!”. По остварениот контакт со Петрески, кој од нас новинарите разбра за објавеното интервју, шокиран од ваквата информација истата ја демантираше и одрекуваше дека дал вакво интервју за Бугарите. Во текот на денот со реакција излезе и матичната партија на Петрески, СДСМ.
Целата мистерија се разреши со телефонското јавување од ФОКУС до градоначалникот, во кое му го честитале денот на шегата и му рекле АПРИ -ЛИ-ЛИ-ЛИ.

петрески априли-ли-ли


На крајот од целата приказна, Градоначалникот вели дека ги почитува сите празници, но смета дека ова е недоличен чин и со вакви чувствителни прашања не треба да се тера шега.
Дали денешниов инцидент ќе има продолжение во вид на кривични пријави или некои поостри реакции, останува да видиме, а текстов го завршуваме со народната “Што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш”