Од први мај стоп за најлонските кеси помали од 5 килограми
Граѓаните при купувањето на продукти и понатака ги користат најлонските кеси, велат ќе ги користат по навика се додека ги има во продавниците.
„Законодавецот направил пропуст и оставил на совеста на продавачите дали ќе ги користи хартиените кеси“, вели Ѓоко Бошалески началник на ПЕ на државниот пазарен инспекторат.
Продавчот не е должен да користи хартиени кеси за транспорт туку само за размер во кеси помали од 5 килограми ,но никако купената стока не смее да се транспорира во најлонски кеси.
Продавачите кои нема да ја почитуваат наредбата и за транспорт ќе ги употребуваат и понатака најлонските кеси, за својата несовесноста ќе плаќаат казни во висина од 6000 евра.
Инспекторите велат дека продавачите се свесни за значењето на овој закон за заштита на животната средина од штетноста на најлонски кеси , но од друга страна има појава на недостиг на хартиени кеси.
{loadposition content9}