Skip to main content

Свечено отворен ексклузивниот „Тамаро 10“ маркет во Охрид

На површина од 300 метри квадратни, во присуство на бројни партнери, јавни личности и пријатели на компанијата, денеска свечено беше отворен новиот „Тамаро 10“ маркет во Охрид.

 |   | 

На површина од 300 метри квадратни, во присуство на бројни партнери, јавни личности и пријатели на компанијата, денеска свечено беше отворен новиот „Тамаро 10“ маркет во Охрид. „

„Овој е ексклузивен маркет, со нов лик, најавува нешто ново што во иднина ќе следи, а во што потрошувачите ќе се уверат“ велат од „Тамаро“.  Во наредните две недели во „Тамаро 10“ ќе има бројни нови акции и изненадувања за потрошувачите.

Ланецот маркети започна со работа во далечната 1997 година и од тогаш расте со прогресија од по еден маркет во просек на секои две години. Секој ден е се` поблиску до потрошувачите, кои ги препознаа како „свој“ маркет и веруваат во него. Од 2016 година, во склоп на „Анабела“ производството работи и „Тамаро“ пекарата, паралелно со слаткарата и кујната за готови јадења. Во склоп на „Тамаро“ холдингот работи и магацинот на големо „АМ“ кој доставува роба до сите маркети на „Тамаро“ во Охрид , Струга и околните места.