Во февруари годинава во Охрид се издадени 10 одобренија за градење. Осум одобренија се издадени на приватни лица, а на два објекти инвеститори се деловни субјекти. Според податоците на Државниот завод за статистика ќе се градат 75 станови со корисна површина од 4968 м2. Предвидената вредност на објектите е 212 621 000 денари.
Во Вевчани во февруари издадени се 3 одобренија за градење од кои едно на приватно лице, а две на деловни субјекти. Во февруари во Струга и Дебрца не се издадени градежни дозволи.
На ниво на државата во февруари 2024 година, се издадени 387 одобренија за градење, што е за 9.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Во извештајниот период е предвидена изградба на 951 стан, со вкупна корисна површина од 78 892 м2
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 171 (44.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 119 (30.7 %) за објекти од нискоградба и 97 (25.1 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 387 објекти, на 216 (55.8 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 171 (44.2 %) објект инвеститори се деловни субјекти.