Skip to main content

100 години од Охридското востание

По тој повод, претставници од локалната самоуправа, граѓани, но и блиски роднини на востаниците, положија свежо цвеќе на споменикот на охридската чета во селото Велгошти.

 |  Мишел Наумоски  | 
spomenik
споменик

Денес охриѓани се присетуваат на еден од најзначајните револуционерни настани во овој регион. Помалку заборавено и прескокнато од историските книги, Охридско-Дебарското востание од 1913та година со заедничка идеја ги обединило за прв пат македонските револуционери со албанските, со што уште повеќе добива на историски значај. Ова востание било кренато како знак на револт против тогаш донесениот Букурешки мировен договор со кој била поделена Македонија.

100 godini Ohridsko vostanieХристо Матов, син на Милан Матов, еден од најистакнатите војводи во охридската чета, денес се присети на приказните за храбрите востаници кои одамна му ги раскажал војводата Милан Матов.

„Тоа е историја на нашиот народ, на тој што овде живеел и достојно се борел. Илинденското востание ги ослободило Цер и Крушево, два мали града, а ова востание од 1913 ослободува 9 околии. Тоа е најголемото востание на Балканскиот полуостров што било со таков резултат, но и последиците од него се многу тешки. Тогаш србите се враќаат со 100.000 армија, со артилерија, ги разбиваат востаниците и почнува едно страшно гонење и колеж. Тогаш Македонија дава најмногу емигранти за цел свет, најмногу за Бугарија и Америка.“-вели Христо Матов-син на војводата Милан Матов

Ohridska cetaВо еден од овие безмилосни колежи на српската војска, токму на местото на денешниот споменик на охридската чета во Велгошти, била погубена и четата на војводата Димитар Иванов-Таки. За жал востанието било крваво задушено, а историјата едвај да го споменува истото, што според Христо Матов е грешка која сегашните генерации треба да ја поправат.

„Вчера бев во Дебар, отидовме во муфтијството, таму пронајдовме снимки од востанието. Нашите историчари наместо да се занимаваат со модерната историја, нека погледнат во историјата на своите татковци и дедовци. Во таа историја е влогот во една подобра иднина. Историјата има задача да не поучи што да правиме, а што да не правиме. Тоа не го прават нашите историчари.“-рече Матов.

Ohridsko vostanieЗа прв пат оваа година локалната самоуправа организирано го одбележа овој значаен ден.

„Востанието не било масовно. Историјата има и факти во кои вели дека тоа требало да се крене во Октомври, но како след на околностите во Дебарскиот крај, војводата Петар Чаулев, се одлучил во тој период да се крене и востанието во Охрид, колку што било насочено кон угинување на идејата што ова востание ја носело. Токму затоа денес сме тука на 100 годишнината практично да ја прославиме таа идеја, тој херојски чин со цел вечно како граѓани на Охрид да го паметиме ова херојско дело и секогаш да го славиме.“-изјави Димитар Спасески-Секретар на општина Охрид.

Инаку охридскиот режисер, Илија Пиперкоски подготвува и документарен филм за Охридското востание, во траење од 45 минути, проект кој го изработува со финансика помош од Владата на Република Македонија.

{loadposition content9}