Здружение на радиолошки технолози на Македонија
11. Конгрес на Здружение на радиолошки технолози на Македонија во Охрид
На Конгресот ќе се организира и донаторска вечер, поддржана од Винарија Тиквеш. Собраните средства ќе бидат донирани на Универзитетска клиника за детски болести, оддел Онкологија, Скопје.
Здружението на радиолошки технолози на Македонија (ЗРТМ) организира 11-ти Конгрес во хотел Гранит, Охрид со меѓународно учество на повеќе земји од регионот и претставник од Европското здружение на радиолошки технолози (EFRS).
Свечено отворање на Конгресот ќе биде вечерва во 18.00 часот, на кој ќе се обратат:
– проф. д-р Игор Николов, советник за здравство на премиерот Христијан Мицкоски
– Зоран Бајовски, претседател на Здружението на радиолошки технолози на Македонија
– Дамир Циприќ, претседател на Друштвото на радиолошки технолози од Хрватска
На Конгресот ќе се организира и донаторска вечер, поддржана од Винарија Тиквеш. Собраните средства ќе бидат донирани на Универзитетска клиника за детски болести, оддел Онкологија, Скопје.