Контроли во патниот сообраќај
11 возачи управувале возило под дејство на алкохол
При контроли во патниот сообраќај санкционирани се 11 возачи во Охрид, кои управувале возило под дејство на алкохол.
На 14/15.05.2022 во периодот од 23.00 до 04.00 часот, на подрачјата на Охрид и Дебар извршени се контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале 12 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-11, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.
Сообраќајните контроли ќе бидат интензивирани на целото подрачје, со цел подобрување на сообраќајната безбедност. Апелираме на доследно почитување на сообраќајните правила и прописи.


