Skip to main content

12 000 холандски гости се очекува да го посетат Охрид летово

Туристите од Турција и соседите се најчестите гости во главниот туристички центар а веднаш зад нив ова лето се холанѓаните.Според најавите на туристичките работници, до крајот на месец октомври летовите од Амстердам се очекува да донесат околу 12 илјади холанѓани кои ќе одмараат на брегот на Охридското езеро.
 |  Маја Савиќ  | 

Холаѓаните се традиционални гости на охридската ривиера. Турите со странските гости започнуваат во мај , па може да се рече дека на средина на туристичката сезона, посетеноста од странските гости е добра и се остварува предвидувањето дека Охрид има една од поуспешните сезони, е оценката на туристичките работници.

„ Мислам дека до крајот на туристичката сезона кон крајот на септември и почеток на октомври кога се планираат летовите кога се планираат летовите од Амстердам конкретно за холандските гости ќе се оствари онаа бројка што беше и планирана, која се очекува, некаде околу 11 до 12 000 холандски гости да дојдат и да го посетат Охрид оваа сезона. “ – вели Асим Челик, тур оператор ТУИ.

Холандските туристи на летуваат на Охридското езеро и по 20 дена. Оваа година во Охрид ги има и туристите од Велика Британија кои доаѓаат на 3-4 ноќевања, затоа што ги користат летовите на ТУИ од Манчестер кои летаат во среда и во недела за да направат еден продолжен викенд. Гостите кои доаѓаат од земјите на Бенелукс претежно имаат подолг престој во Охрид, велат тур операторите.

„Она што радува и јас неколку пати го имам напоменато е тоа што овие странски гости што доаѓаат преку тур операторот ТУИ, радува фактот што овие гости остануваат подолго во градот , сите се со подолг престој , нивниот најкраток аранжман изнесува 7 ноќевања а ги има и по 14 и по 20 ноќевања , што е добар показател затоа што и градот и сите чинители во туризмот имаат поголем бенефит. Не би ги потценувал и сите оние туристи коишто доаѓаат за ноќ или две, секој турист е турист , меѓутоа бенефитот од овие туристи коишто имаат далеку поголем број на ноќевања е далеку поголоем и затоа сме задоволни со гостите од Бенелукс.“ – вели Челик.

За странските гости се примамливи активности како планинарење, пешачки тури, активности на езерото, бродски тури за кои Охрид има добра понуда. Но туристичките работници посочуваат дека недостига побогат ноќен живот за гостите кои доаѓаат во овој период на висока сезона во јули и август.