Skip to main content

СВР Охрид

12 пешаци во Охрид казнети за небезбедно преминување на улица

Во акциска контрола на територија на ДВР Охрид, полициските службеници затекнале 30 пешаци кои сториле сообраќајни прекршоци.
 |  инфодеск  | 
пешачки

На 21.03.2023 од 09.00 до 14.00 часот, при преземени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 30 пешаци кои сториле сообраќајни прекршоци (Охрид- 12, Струга-12, Кичево-04, Дебар-02).

-Тие се санкционирани поради движење или непотребно задржување на пешакот на коловоз, небезбедно преминување на улица, преминување надвор од пешачки премин, информираат од СВР Охрид.