12 прекршувањa на забраната за движење, 408 санкции за неносење маска
Од вчера (10.03.2021) во 22 часот почна да се применува одлуката на Владата на Република Северна Македонија за ограничување на движењето на граѓаните во периодот до 05 часот наутро. Синоќа дел од раководството на МВР, предводено од министерот Оливер Спасовски направи увид во спроведувањето на ограничувањето на движење во Скопје, Тетово, Куманово, Велес и други градови. Преземени се сите потребни активности контролата на ограничувањето на движењето да се спроведе согласно одлуката на Владата.

Од 22 часот (10.03.2021) до 05 часот (11.03.2021) констатирано е дека 12 лица не ја почитувале забраната за движење.
Во текот на изминатото деноноќие пак (10/11.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 408 прекршоци.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.