СВР Охрид
12 возачи управувале возило под дејство на алкохол
Полициските службеници санкционираа 12 возачи во Охрид, двајца во Струга поради управување возило под дејство на алкохол. Против нив ќе бидат поднесени соодветни платни налози.
На 16/17.04.2022 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнале 20 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-12, Струга-02, Кичево-06). Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.


