Skip to main content

120 луѓе кои се борат со огнениот фронт на Галичица денеска ќе добијат помош од воздух од три авиони и хеликоптери

На западниот фронт на пожарот се очекува во текот на денот дејствување на три ер трактори и хеликоптери. Луѓето да бидат спокојни и да не се шири паника, апелира ренџерот Ѓуро Јовчески.
 |  инфодеск  | 

11 дена се вложуваат надчовечки напори да се држи под контрола огнената стихија која беснее на Галичица. На најнепристапен терен на 2100 мнв, каде е отежнато самото движење а камо ли дистрибуција на опрема и вода и било што друго, 11 дена постојано делуваа околу 30 луѓе, а денеска бројката се искачи на 120 души. вели ренџерот од НП Галичица, Ѓуро Јовчески.

Конкретно во текот на денешниот ден е осигурана источната страна долж Преспанското езеро каде огнот беше влезен во букова шума. Се прават интензивно појаси со механизација. 40 луѓе се на позиција од раните утрински часови. Масовна бројка бидејќи се работи нова техника за гасење во високо-стеблеста шума, – вели Јовчески.

Предходно, на северозападната линија на огнот, кај Злидол биле направени појаси над планинарскиот дом и бил обезбеден патот за движење на моторните возила.

Најкритична точка ни е Злидол – Страчка-Пропаст до Војтино кадешто поради непристапност и источниот ветар кој го врати пожарот. Таму имаме 40 луѓе на земја, но под итно се потребни воздухоплови, вели Јовчески.

Тој очекува пополека ликвидирање на огнот на север и исток. На западниот фронт се очекува во текот на денот дејствување на три ер трактори и хеликоптер. Луѓето да бидат спокојни и да не се шири паника, апелира ренџерот.

На терен на земја се екипи од НП Галичица, ТППЕ од Охрид и Ресен, Планинска спасителна служба при Црвен Крст Охрид, Алпинистички клуб Патагонија, ДЗС, ЦУК, доброволци од Охрид и Преспа, доброволци од НП Пелистер, Парк на природата Езерани,, Противпожарно доброволно друштво од Св. Николе и други.

Пожарот на Галичица избувна на 5-ти август на кота 11 на албанска страна по што за кратко време се прошири и на македонска територија.