Skip to main content

13-112 е новиот скратен број за СОС повици кон Планинската Спасителна Служба

Воспоставувањето на посебниот скратен број за СОС повици во случај на планински несреќи, е дел од проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, финансиран од Европската унија, преку ИПА програмата за прекугранична соработка, кој го спроведува Црвен крст Охрид.

 |   | 

Воспоставувањето на телефонски број за СОС повици, во случај на планинска несреќа е нов почеток за развојот на планинарството, како рекреативен спорт од една страна и развој на планинскиот и алтернативниот туризам како сериозна стопанска гранка од друга страна. Воведувањето на СОС бројот е суштински дел од проектот „Регионот Охридско Езеро – безбедна дестинација за авантуристички туризам“, и покрива пет општини, Охрид, Струга, Ресен, Дебрца и Вевчани, каде на повик, спасителната служба ќе одговори во разумно време.

„Особено се гордееме бидејќи за прв пат во Македонија се воведува ваква пракса, на скратен телефонски број кој ќе може да го повикуваат граѓаните од сите мобилни и фиксни оператори без префикси, едноставно и брзо да повикаат помош во случај на несреќи на планина“, рече Антонио Додевски – Раководител на Планинската Спасителна Служба.

Раководителот на Планинската Спасителна Служба, Додевски додаде дека во тек се градежните работи и за оформување на Центарот за спасување на планина, каде ќе се сместени и тренинг центарот и оперативниот центар. Додевски истакна дека при крај е изработката на студијата за финансиска одржливот на овој проект, како и и концептот за организациска поставеност на службата, кои треба да бидат готови за еден месец.

Претседателот на О.О. На црвениот крст од Охрид Сашо Точков, кажа дека сите оние кои што сакаат да уживаат во убавините на планината сега ќе може тоа да го направат без да стравуваат за својата безбедност.

„Она кон што црвен крст тежнее години наназад, беше овој единствен СОС број да ги вклучи и останатите служби кои дејствуваат во наши рамки, а тоа се Службата за безбедност на вода, најактивна во летниот период, но која придонесува во безбедноста на Охридското Езеро, во текот на целата година, а тука е делот на обуката и дејствувањето на парамедиците што како новина го започнавме во2015 со Националниот здравствен сервис од Холандија, каде што стоиме на располагање со нашите служби“, кажа Сашо Точков – престедател О.О. Црвен Крст Охрид.

Вршителот на должност градоначалник, Константин Георгиевски истакна дека Охрид може високо да се позиционира на светската туристичка мапа доколку туристички пулсира во текот на целата година. Тој потенцира дека нема сериозен развој на планинскиот и алтернативниот туризам без зголемување на безбедноста при движење во планина, бидејќи бевме сведоци на неколку немили настани изминатите години на македонските планини.

„Мене ми е посебно задоволство што уште еднаш дечките од планинската спасителна служба поддржани од Црвениот Крст од Охрид се пионери во уште еден проект. Исто така пред околу месец и половнина знаете дека оставрив средба со директорот на ЦУК Агрон Буџаку и тие со во фаза на имплементација на еден единствен СОС број којшто ќе ги интегрира сите итни служби во РМ, со центар во Скопје и во осум градови во Македонија. Еден од тие градови ќе биде и Охрид“, објасни Константин Георгиевски -в.д. Градоначалник Општина Охрид.

Центарот ќе биде сместен во просториите од некогашната касарна, а кога истиот ќе почне да функционира, ќе биде тргнат префиксот 13.Овој национален проект финансиран исто така со средства од ЕУ се очекува да започне да функционира до летото 2020.