Skip to main content

Чествувања

130 години од смртта на Григор Прличев

Вечерва со почеток во 19 часот, по повод Патрониот празник на ООУ “Григор Прличев“ ќе се одржи свечена приредба во спортската сала на училиштето.
 |  инфодеск  | 
Григор Прличев

На 6 февруари во 1893 година во Охрид почина Григор Прличев, еден од најпознатите македонски писатели од 19 век.

Меѓу најпознатите негови остварувања се поемите “Сердарот” и “Скендербег”, и познатото дело “Автобиографија”.

Со поемата “Сердарот”, за која на поетскиот конкурс во Атина доби Ловоров венец, ја издигна македонската литература меѓу најпознатите книжевни остварувања на Балканот во своето време.

Роден е во Охрид, на 30 јануари 1830 година.

Деновиве во Охрид, со низа активности се одбележува 130 годишнината од смртта на големиот поет и преродбеник Прличев.

Утрово пред гробот на Прличев се одржа панихида, а делегации положија цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во истоименото основно училиште. Специјално за оваа пригода, музичките уметници Џевад и Бајрам Рамаданоски ја подготвија антологиската „1762 лето“.

Денеска ќе бидат врачени и наградите на провонаградените литературни творби на Литературниот конкурс на ООУ „Григор Прличев“, а беседа за Григор Прличев во неговата спомен куќа ќе одржи д-р Александра Ѓуркова. Во охридската библиотека ќе се одржи традиционалната „Прличева визита“, а ќе биде прогласена и најдобрата беседа за 2023 година на тема: „Прличев и ние“.

Чествувањата попладнево ќе бидат заокружени со промоција на аудио-записот, есејот: Душевните очи на Григор Прличев“ од академик Анте Поповски, што ќе се одржи во НУ Библиотека „Григор Прличев“.

Вечерва со почеток во 19 часот, по повод Патрониот празник на ООУ “Григор Прличев“ ќе се одржи свечена приредба во спортската сала на училиштето.