Skip to main content

Филипче: Самоизолацијата од 14 дена да се сфати многу сериозно

Максимално сум разочаран поради непочитување на препораката за изолација од 14 дена , кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Директорката на Клиниката за кожни болести е четвртата регистрирана заболена во земјава со корона вирус. Таа пред една недела се вратила од патување во Италија. По враќањето продолжила да оди на  работа непочитувајќи ги препораките за самоизолација и загрозувајќи го здравјето на сите со кои дошла во контакт. Ќе има мерки против сите за кои е утврдено дека го загрозуваат јавното здравје. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје зашто е тоа наш приоритет, додаде Филипче. 

 |   | 

– Максимално сум разочаран поради непочитување на препораката за изолација од 14 дена , кажа денеска министерот за здравство Венко Филипче. Директорката на Клиниката за кожни болести е четвртата регистрирана заболена во земјава со корона вирус. Таа пред една недела се вратила од патување во Италија. По враќањето продолжила да оди на  работа непочитувајќи ги препораките за самоизолација и загрозувајќи го здравјето на сите со кои дошла во контакт. Ќе има мерки против сите за кои е утврдено дека го загрозуваат јавното здравје. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје зашто е тоа наш приоритет, додаде Филипче. 

Директорката на Клиниката за кожни болести во Скопје е четвртиот потврден случај на коронавирус во Македонија. Таа е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести И нејзината состојба е стабилна со лесна клиничка форма на болеста Ковид 19. Клиниката за кожни болести ќе биде целосно затворена, севкупниот персонал ќе треба да остане во двенеделна домашна изолација, а пациентите се веќе пуштени дома, велат од Министерството за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче изрази огромна разочараност од неодговорниот однос на заразената директорка која пред една недела   се вратила од Италија, а во меѓувреме пет дена одела на работа.
„Добро е што колешката немала ден во амбуланта па немала директен контакт со пациенти, кои што доаѓале однадвор во изминатава недела. Од епидемиолошката анкета таа досега ги навела и сите други контакти вклучително и членовите на нејзиното семејство, пријатели. За сите нив, согласно разговорите со епидемиолозите, ќе се донесе соодветна одлука за начинот на изолација“, рече министерот Филипче.
Деноноќно сме посветени на контрола на ова прашање со корона вирусот, целиот тим кој што работи во Министерството во смисла на превенција, третман, мерките кои што ги препорачуваме за натамошно ширење на вирусот, рече министерот. Тој ја повика јавноста на поголема одговорност за колективното здравје.
„Секојдневните апели за самоизолација мора да се сфатат многу сериозно. Не можеме да ги затвориме границите. Ниту една земја во Европа го нема направено тоа. Практично е невозможно и затоа всушност сите препораки на експертите на СЗО се за самоизолација, како што всушност Владата препорача пред две недели. Затоа потенцирам секој кој што доаѓа од ризичен регион доколку на граница нема симптоми, и тоа е тој најризичен стадиум на болеста, во инкубација кога нема симптоми а веќе имало контакт со заболен кој што граѓанинот не може да го знае, мора да остане во автоизолација 14 дена. На тој начин го штитиме сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски, на сите граѓани на нашата држава. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје заради тоа што тоа е нашиот најголем приоритет. Апелирам и до вас медиумите и во исто време сакам да изразам огромна благодарност за одличната соработка за повторување и пренесување на мерките за заштита и превенција. Вашата поддршка во овој момент е од исклучително голема важност“,порача министерот Филипче.


Во текот на вчерашниот ден е прогласена црвена зона во 14 провинции на Ломбардија. Мерките за изолација важат за сите луѓе коишто се затекнати, без разлика дали се жители или се државјани на други земји, што значи дека на нив им е забрането патувањето. Од вчера авиокомпанијата Wizz Air ги суспендираше сите летови со ризичните региони во Северна Италија.

„Во контекст на сето ова, утрово испративме и барање до Стопанска комора за информација од секторот туризам, дали се очекува и дали имало организирани патувања за празникот и доколку имало кои се тие агенции, кога ги очекуваат да се вратат патниците со цел да знаеме претходно пред да се појават на граничните премини.“ – кажа Филипче.

Низ светот досега има повеќе од 111.000 заразени со КОВИД-19, а бројката починати порасна на 3.882. Тој досега е регистриран во 109 држави и територии.