Skip to main content

Охрид се сеќава

14 години од смртта на DJ Panter и DJ Bruce

Пантовски и Аврамоски ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 24-ти септември 2008 година, околу 21:00 часот во близина на планинскиот превој „Буково”.
 |  инфодеск  | 
Пантер и Бруце

Денеска се навршуваат полни 14 години од смртта на Влатко Пантовски – DJ Panter и Наумче Аврамоски – DJ Bruce.

Годините поминуваат, но споменот на нашите колеги не избледува. Остануваат засекогаш нивната ведрина, насмевките и позитивната енергија која ја ширеа, каде и да се појавеа. Охридската медиумска заедница не дозволува годиниве наназад да избледи споменот на своите колеги.

Пантовски и Аврамоски ги загубија животите во сообраќајната несреќа што се случи на 24-ти септември 2008 година, околу 21:00 часот во близина на планинскиот превој „Буково”.