Архид колектив
150 студенти на предавање за просторот на Касарна Охрид
Архид Колектив организира воведно предавање и ќе биде домаќин на дводневна посета на 150 студенти кои ке ја обработуваат темата за просторот на Касарна Охрид.
Прашањето за просторот на Касарна Охрид, кое беше отворено на настанот „Разговори за Касарна” во септември, останува отворено овој пат на Факултетот за Архитектура и Дизајн при УАЦС Скопје.
Ќе биде истражувано од различни аспекти и на различни предмети овој семестар. За таа цел Архид Колектив организира воведно предавање и ќе биде домаќин на дводневна посета на 150 студенти кои ке ја обработуваат темата – информираат од Архид Колектив.
Предавањето ќе се одржи во четврток на 16-ти март во просториите на УИНТ „Св. Апостол Павле“ и посета на локација на Касарна; додека посета на останати референтни објекти во Охрид – во петок на 17-ти март.


