1500 апаратчиња за мерење шеќер за охриѓаните со дијабетес мелитус
Центарот за дијабетес, заедно со болничката аптека, обезбеди 1500 апаратчиња за мерење на гликемија со гратис педесет ленти.
Со оваа акција, ќе биде обезбедено сите пациенти на Центарот за дијабетес, кои имаат дијагноза дијабетес мелитус, да ги добијат овие апаратчиња.
Со нив, пациентите ќе можат дневно да ја следат својата здравствена состојба.
„Ќе ги добијат исклучиво пациентите кои се на инсулинотерапија. Со тоа го заокружуваме проектот да секој пациент има апаратче во домашни услови. Правиме еден голем исчекор, затоа што ваква акција години наназад не е случувана. Ние секоја година на два-три наврати сме давале гратис апаратчиња, но тоа било во помали количини. Сега ќе ја опфатиме целата наша општина, сите наши пациенти во стопроцентен износ и плус ќе имаме резерви за останатите пациенти кои дневно се јавуваат во нашиот центар со дијагноза на дијабетес мелитус, тип 2.“-вели началникот на интерното одделение при Општата болница од Охрид, д-р Сашо Василески.
{loadposition content9}