Skip to main content

СВР ихрид

16-годишен мопедист загина во сообраќајка кај Рача

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр Охрид

На 17.07.2025 во 01.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на регионалниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот помеѓу населбата Рача и стариот влез за хотелот Парк, мопед управуван од 16-годишник од Охрид, излетал од коловозот и удрил во метален столб.

-Тој се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница во Охрид, каде им подлегнал на повредите. Сопатникот, исто така 16-годишник од Охрид, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.