Skip to main content

16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура во Охрид

16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура во Охрид е во организација на Народната банка на Македонија и Централната банка на Холандија.
 |  инфодеск  | 

Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија денеска и утре во Охрид ја организираат 16. Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги.

На годинашната конференција, која се одржува под мотото „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера – приклучувањето кон СЕПА: Ново поглавје за плаќањата“, се очекува присуство на претставниците на централни банки, деловни банки, финтек-компании, небанкарски даватели на платежни услуги, како и претставници од меѓународни финансиски институции и тела на Европската Унија.

Конференцијата ќе ја отворат гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и директорката на Секторот за плаќања од Централната банка на Холандија, Инге ван Дијк.

Централна тема ќе биде историскиот исчекор на Северна Македонија со приклучувањето кон Единствената област за плаќање во евра – СЕПА, заедно со Албанија, Црна Гора и Молдавија. По тој повод, ќе се обрати генералниот директор на Европскиот совет за плаќања, Џорџо Андреоли.