17 милиони денари за реконструкција и санација на охридските училишта
„Поголем зафат ни е во О.У „Св.Наум Охридски“ во село Пештани, каде имаме еден зафат за изградба на фискултурна сала, со димензии 35х18, односно некаде околу 600 метри кориен простор, каде ќе има и соблекувални според сите стандарди“, вели Наумовски.
Наумовски потенцира дека се работи и на оградување на дворот на ОУ „Св.Климент Охридски“, а исто така завршено е оградувањето на дворот на детската градинка „Росица“. Не се заборавени ни училиштата од селските и приградските населби, па така, учениците од основното училиште “Ванчо Николески” од Лескоец оваа школска година ќе ја започнат со нова дограма, а промена на внатрешната столарија е направена и во ОУ “Живко Чинго” во Велгошти. На корисна површина од 700 м2 во основното училиште “Живко Чинго” е саниран и училишниот под. Од Локалната ветуваат дека зафатите ќе бидат готови пред почетокот на училишната година.
„Сите работи ќе ги завршиме зошто ете во Велгошти е се завршено, христо узунов е при крај така да за ноавата училишна година освен фискултурната сала во пештани, која е поголем објект а ја планираме да за зимскиот објект биде пуштена во употреба“ дециден е Наумовски.
Инаку, станува збор за санациони и реконструктивни зафати меѓу кои има неколку кои се од поголем карактер, како изградбата на пропратниот објект во ОСУ „Св Климент Охридски“, и училишната спортска сала во селото Петштани кои изискуваат доста финансии. Па така, 17.000 000 денари се средства кои се обезбедени во целост од Општина Охрид.
{loadposition content9}