Skip to main content

Болница за кардиоваскуларни заболувања

17-ти мај прогласен за Светски ден на хипертензија

Светската лига за хипертензија, 17-ти мај го прогласи за Светски ден на хипертензијата ( покачен крвен притисок ).
 |  инфодеск  | 
Хипертензија

17-ти мај е прогласен за Светски ден на хипертензијата ( покачен крвен притисок) од страна на Светската лига за хипертензија (www.whleague.org).

Ние како установа која најдиректно и секојдневно е вклучена во борбата со оваа болест се придружуваме во напорите за подигнување на свеста за огромната важност на адекватниот третман на оваа широко распространета болест. Статистичките податоци се зстрашувачки. Во САД една четвртина од возрасните жени и четворица од десет мажи имаат покачен крвен притисок. Дури и во земјите со најразвиени здравствени системи третманот е субоптимален. Кај нас состојбата е уште полоша. Покачениот крвен притисок доведува до оштетување на низа органи и органски системи ( срце и крвни садови, мозочен удар, бубрези…). Виновник е на огромен број смртни случаи кои е возможно да се превенираат. За тоа да се случи потребно е подигање на свеста за потребата за редовно контролирање и третман на оваа болест. Токму затоа мотото на годинешниот 17-ти мај е „МЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ КРВЕН ПРИТИСОК РЕДОВНО, КОНТРОЛИРАЈТЕ ГО, ЖИВЕЈТЕ ПОДОЛГО“!!! – велат од ЈЗУ Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања-Охрид.

Хипертензија

Во оваа прилика уште еднаш апелираат до нивните и сите останати пациенти, да не ја игнорираат потребата од редовна контрола на крвниот притисок. Потсетуваат дека најчесто покачениот крвен притисок е асимптоматска ( која не предизвикува симптоми) болест. Не треба да се чека посебен повод за повремено да го контролираат притисокот сите, дури и оние кои знаат дека до неодамна немале покачен притисок.

Хипертензија

Овој ден во Специјализираната болница за кардиоваскуларни заболувања беше одбележан и со конкретни активности.

Имено, крвен притисок им се мереше на сите присутни пред нашите амбуланти ( вклучително и оние кои се најдоа како придружба на своите најблиски). Се даваа совети и се потенцираше важноста за правилен начин на мерење на притисок од страна нашите сестри. Во борбата со хипертензија модерната медицина и фармација имаат на располагање широка палета на исклучително ефикасни и безбедни лекови. Да не дозволиме и покрај тоа илјадници луѓе годишно да страдаат од тешки последици или да го губат животот заради покачен крвен притисок! Да бидеме сите одговорни – додаваат оттаму.

Хипертензија
Хипертензија