Skip to main content

18 годишен охриѓанец загина, а 16-годишен сопатник е тешко повреден во сообраќајна несреќа кај Елешец

Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи.
 |  инфодеск  | 
Полиција несреќа

На 13.11.2024 во 01.15 часот, на регионалниот пат  Охрид – Св. Наум, во близина на охридската населба „Елешец”, патнички автомобил „пежо” со охридски регистарски таблици, управуван од 18 годишно лице од Охрид, излетал од патот.
Возачот починал на местото на несреќата, а смрт констатирал доктор од Итната медицинска помош,  додека 16- годишен сопатник од Охрид е пренесен во болницата „Св.Еразмо” каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршија јавен обвинител, судски вештак и полициски екипи. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

извор СВР / фото: илустрација