Стотици тестови месечно за антитела на Ковид 19 се прават во Здравствениот дом во Вевчани
Граѓани масовно се тестираат за антитела со цел да дознаат дали се имуни на Ковид 19. Со така наречените серолошки тестови може да се открие кој веќе бил инфициран со вирусот САРС КоВ 2. мала количина крв се тестира во лабораторија и се покажува дали постојат специфични антитела, имуноглобулини кои имунолошкиот систем ги создал против вирусот. Тестовите не ги покрива Фондот за здравство, а во југозападниот регион најмногу се прават во Здравствениот дом во Вевчани.
Расте интересот за серолошки тестови за антитела. Најмногу тестирања во Југозападниот регион во земјава има во Здравствениот дом во Вевчани. Изминатава година направени се илјадници тестови, месечно се прават стотици.
Тестовите не ги покрива Фондот за здравство , граѓаните ги прават на приватно, а во Вевчани имаат најпристапна цена.
„Не ги покрива Фондот за здравствено осигурување ние сме јавна установа во интерес на граѓаните не одиме со заработка. Во процесот на јавни набавки имаме постигнато релативно ниска цена и кај нас се доста поевтини бидејќи не сме профитна организација“ , вели Јован Стојкоски директор на Здравствен дом „Д-р Светозар Чочороски“.
Зголемен е бројот на тестирања во Вевчани , воедо и ппоради тоа што во останатите градови има недостиг од тестови. Масовното тестирање на антитела треба да покаже кој развил имунитет на Ковид-19, со што би се идентфикувале заразените, кои покажале слаби или воопшто немале симптоми типични за болеста.
„Струшко, Дебар, Кичево, Ресен така да добар дел од Југозападна Македонија цела, голем број на пациенти имаме од овој регион.Последниот период негде имаме од сто до 150 тестови месечно, зголемена е бројката заинтересирани се граѓаните“, додава Стојкоски.
Прецизноста на тестовите се смета 99 проценти.Тие можат да помогнат да се открие стапката на зараза во заедницата и така да се одреди попрецизно стапката на смртност од болеста, а воедно да се овозможи оние кои имаат антитела да бидат донори на плазма за заболените на кои им е потребна.