Skip to main content

Пристигна најсовремената терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19

Пристигна најсовремената терапија за пациенти заболени со вирусот Ковид 19, моноклонална „коктел терапија“ со антитела од лековите “CASIRIVIMAB и IMDEVIMAB”, објави синоќа на својот Фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.

 |   | 

„Во моментов сме единствена земја во Западен Балкан за чии граѓани е достапен овој лек. Рамковната Спогодба со производителот „Hoffman-La Roche, Ltd (Roche)“ – Швајцарија, ја склучија 19 земји членки на ЕУ, нашата држава и Норвешка. Лекот е за потребите на Клиниката за инфективни болести и ќе се дава на нехоспитализирани пациенти“, напиша Филипче.

Овој коктел од две моноклонални антитела се дизајнирани специјално за да ја блокираат инфективноста од „SARS-CoV-2,“ вирусот што го предизвикува заболувањето со Ковид 19.