2 златни и 1 сребрен медал за учениците од РЦСОО„Ванчо Питошески“на GATUS 2023
Во период од 28 Септември до 1 Октомври Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“-Охрид беше домаќин на 11-тиот меѓународен натпревар на ученици од угостителски и туристички училишта (GATUS 2023).
На натпреварот учествуваа вкупно 15 училишта од земјите од поранешните југословенски републики : Марибор, Ново Место и Радовљица од Р. Словенија, Опатија, Осијек и Сплит од Р. Хрватска, Бања Лука и Приједор од Босна и Херцеговина, Белград, Смедерево и Лесковац од Р. Србија, Бар и Херцег Нови од Црна Гора и Охрид и Македонски Брод од Македонија.
Во хотелот „Метропол- Белви“- на брегот на Охридското Езеро во дисциплините Угостителско послужување, Готварство и Подготовка на туристички аранжмани (со посебен нагласок на планинскиот,рурален туризам) се натпреваруваа околу 200 учесници.
Учениците од РЦСОО„Ванчо Питошески“-Охрид освоија 2 златни и 1 сребрен медал во следните дисциплини :
Златен медал во дисциплина ГОТВАРСТВО:
– Никита Мишевски
– Валентин Матоски
– Антонио Мицески
ментор: Војо Ангелоски
Златен медал во дисциплина ТУРИСТИЧКИ АРАНЖМАНИ:
– Петар Ѓорѓиев
– Христина Кушлаковиќ
– Бранкица Велевска
ментор: Јелиз Караман Бешир
Сребрен медал во дисциплина ПОСЛУЖУВАЊЕ:
– Константин Мурговски
– Филип Јордановски
– Христијан Крчов
ментор: Елена Спировска
На најдобрите и највештите учесници- ученици и ментори им беа доделени златни, сребрени и бронзени дипломи.
За сите учесници , беа организирани посети на најзначајните споменици на историјата и културата во стариот дел од градот, манастирскиот комплекс „Свети Наум“ и локалитетот- наколно живеалиште „Залив на коските“.
Домаќин на следниот натпревар ГАТУС 2024 , ќе биде градот Осијек- Хрватска