За време на предизборниот молк, од 18-ти октомври, до 07:00 часот на 19-ти октомври 2025 година, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк.
– Од нив шест на подрачје на СВР Скопје, четири на подрачје на СВР Куманово, три на подрачјето на СВР Велес, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземени мерки не се потврдени пријавите за 15 настани. Покрај ова, регистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови, информираат од МВР.