Skip to main content

20 години Балканска алијанса на хотелски асоцијации

Нови авио линии, современи патишта, подобар транспорт, железници, автобуси, за поголема размена на туристи. Ова е пораката на хотелиерите од Балканот, кои денес во Охрид одбележаа 20 години заедништво за унапредување на туризмот. Балканската алијанса на хотелски асоцијации на конференција во Охрид ќе бара начини за надминување на предизвиците.
 |  инфодеск  | 

Балканот е препознатлива  туристичка дестинација. Со заедничка  богата понуда балканските земји последниве години  привлекуваат голем број туристи. Треба да се работи на меѓусебно поврзување со воведување на нови авио линии, современи патишта, железници, попристапен транспорт  за поголема размена на туристи, порачаа експертите на конференцијата во Охрид, по повод 20 години  Балканска алијанса на хотелски асоцијации.

-Основните работи ни се инфраструктурите кои гледаме дека на Балканот се подобрува за последните 20-тина години, или 10-тина, да кажеме. Одиме напред, има проекти за следните 10 години како би се поврзале  за полесно движење на туристите, рече Крсте Блажески дел од БАХА (Балканска алијанса на хотелски асоцијации).

Балканските хотелиери ги мачат истите или слични проблеми во туризмот. Сите, последниве години, се соочуваат со недостиг на кадар.

Големи проблеми имаме, тоа е работна сила. Не само ние во Црна Гора, но и целиот н регионот. Имаме ДДВ, кое  скокна  од  7 на 15%, тоа е некој 105%. Се бориме како Здружение на хотели и по тоа прашање, но наидовме на отпор од државата, вели Никола Пејовиќ претседател на Хотелската асоцијација на Црна Гора.

-Комуникацијата, стопанството со владата и со централна, и со локална треба да ја има. Зошто да не се отворат  повеќе видови на туризам да се продава локалната дестинација, вели Дончо Танески, еден од основачите на Балканската алијанса на хотелски асоцијации.

Војните во светски рамки и инфлацијата, придонесоа за негативни последици во туризмот во сите Балкански земји.

Новинар Соња Рилковска