Skip to main content

20 мај – Ден на пожарникарството во Македонија

На овој датум во 1836 година во Битола бил формиран првиот противпожарен одред. 

 |   | 

Денес пожарникарите го одбележуваат нивниот ден. На овој датум во 1836 година во Битола бил формиран првиот противпожарен одред.

Пожарникарство — професија која има за цел згаснување и спречување на ширење на пожар во згради, возила, шуми и слично. Лицата кои го прават тоа се нарекуваат пожарникари. Тие имаат за цел да го заштитат општеството, животите и имотот од настанат пожар, но исто така пружат и друг вид на помош. Оваа професија бара високо ниво на тренинзи.

Првите професионални противпожарни служби во Македонија се појавиле во 1836 година.