Skip to main content

2024-та ја испраќаме со сончево време

Во Охрид температурите од -1 до 10 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Утрото ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.

Во Охрид температурите од -1 до 10 степени Целзиусови.

До петок ќе се задржи стабилно, суво и претежно тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има појава на магла со пониски дневни температури. Во сабота се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР.

Фото: Ѓоко Симјаноски