Skip to main content

Слатино Дебрца

21 година од масакрот кај Вејце

Во Слатино одбележани 21 година од масакрот кај Вејце, Тетово. На подмолен начин беа убиени 8 припадници на вооружените сили на Македонија.
 |  инфодеск  | 
Слатино

Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето и посета на спомен собата на водникот Игор Костески, заедно со припадници на специјалната единица “Волци”, боречката организација за Охрид и Дебрца, месната заедница, роднини и месно население во село Слатино, Славна Дебрца се оддаде почит на најтажниот ден во поновата македонска историја.

Слатино Ногачески

Денот кога пред 21 година, кај Вејце, Тетово на подмолен начин беа убиени и масакрирани 8 припадници на вооружените сили на Република Македонија ( 4 припадници на специјалната единица на АРМ „Волци”, меѓу кои и водникот Игор Костески и 4 припадници на посебната единица на СВР Битола ).

Слатино АРМ

Нека им е вечна слава на македонските херои.