Skip to main content

21-годишен охриѓанец и четворица малолетници вршеле тешки кражби низ Охрид

Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнен дела „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(21) и уште четири малолетни лица на возраст од 15 години, сите од Охрид.

 |   | 
Полиција

Поради постоење основи на сомнение за сторени пет казнен дела „тешка кражба”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Д.(21) и уште четири малолетни лица на возраст од 15 години, сите од Охрид.

Пријавените, тешките кражби ги извршиле од 21.06.2021 до 17.11.2021 година на разни локации во Охрид, кога во згодни прилики одзеле 14 велосипеди, дел оставени необезбедени, а дел одземени откако со подесен алат ги отстранувале безбедносните бројчаници и сајли. На тој начин, тие се здобиле со противправна имот корист во вкупна вредност од 206.018 денари – информираат од СВР Охрид.