Skip to main content

21 јуни е ден на Охридското езеро

21 јуни се одбележува како ден на најстарото езеро во Европа, Охридското езеро. Најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија.
 |  инфодеск  | 
Охридско езеро

21 јуни е денот кој го посветуваме на нашиот скапоцен бисер, Охридското езеро.

Охридско езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина и го делат две држави: Македонија и Албанија.

Охридско езеро

Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународниот астрономски сојуз решаваат едно од езерата на Сатурновата месечина Титан да го носи името „Охридско езеро“ (лат. Ohrid Lacus).

Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (2288 м), а на запад со Јабланица (2257 м).

Во езерото живеат 17 видови на риби, од кои 10 се ендемски. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија.

Св. Јован Канео