Skip to main content

Подигнати 22 кубни метри кабаст и зелен отпад од Даљан и 8. Урбана заедница

Од „Охридски Комуналец“ апелираат до граѓаните да го почитуваат Календарот за подигнување кабаст и зелен отпад за 2026 година, со цел отпадот да се одлага на соодветен начин и да се придонесе за почиста и поздрава животна средина.
 |  инфодеск  | 

Реализирана вонредна широко-опфатна акција за подигнување кабаст и зелен отпад во населба Даљан и кај комплексот згради на ул.,,Галичица” и ,,Никола Карев”.

Во рамки на акцијата, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ подигнале вкупно 22 кубни метри отпад.

Од претпријатието посочуваат дека несоодветното одлагање на стара покуќнина, кабаст и зелен отпад е честа појава, со што се нарушува изгледот на јавниот простор и животната средина.

-Ваквите слики се честа појава и не’ опкружуваат на секој чекор во урбаните заедници каде живееме, каде поединци, ослободувајќи се од непотребната покуќнина го деградираат јавниот простор кој го делиме сите ние, велат од јавното претпријатие.