На 19-ти јуни 2025 година, во 22:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кружен тек од булевар „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило марка „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 22-годишниот И.С. од прилепското село Пашино Рувци, со престој во Охрид, удрило во метален столб, а потоа и во пешаците А.Б.(44) од Охрид и Д.П.(52) од Скопје.
Од здобиените повреди А.Б. починала во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, а лекар констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил Д.П., додека со телесни повреди се здобиле возачот И.С. и неговиот сопатник К.М.(19), констатирани во болницата „Св. Еразмо“ и во Општата болница Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, И.С. бил лишен од слобода поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 300 став 2 од Кривичниот законик, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
