Skip to main content

24. Годишна конференција на Македонска берза во Охрид

Годишната конференција на Берзата претставува еден од најзначајните финансиски настани во земјава, кој веќе повеќе од две децении обединува клучни фигури од банкарскиот и финансискиот сектор. На настанот традиционално учествуваат претставници на банки, инвестициски и пензиски фондови, брокерски друштва, регулатори, академици и медиуми, како и бројни странски експерти и говорници од пазарите на капитал во регионот на Југоисточна Европа.
 |  инфодеск  | 

Традиционално во Охрид, од денес до сабота ќе се одржи 24. Годишна конференција на Македонска берза.

Перспективите на македонската и на економиите од регионот, можностите и предизвиците што се исправени пред компаниите, развојот на пазарот на капитал, трендовите во дигиталната трансформација на компаниите, како и други теми од областа на финаисиите и берзите ќе бидат во фокусот на дискусиите.

Воведни обраќања ќе имаат главниот извршен директор на Македонска берза, Иван Штериев, министерката за финансии, Гордана Димитриеска- Кочоска и претседателката на Комисијата за хартии од вредност, Бујаре Абази. Учесниците ќе можат да проследат и повеќе интересни интервјуа, а на различни теми од областа на финансииското и берзанското работење мешу другите ќе говорат и Блаж Бродњак, главен извршен директор на НЛБ, Атила Тот – раководител на Секторот за развој на финансиски пазари и пазари на капитал во ЕБРД, гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и извршниот директор на Неотел, Даме Цветковски.