Општина Охрид го одбележа денот на Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј
Одбележан денот на Сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.
На свеченоста на градскиот плоштад, по повод Св. Кирил и Методиј пред спомен одбележјето се поклонаа делегации на локалната самоуправа, советот, училиштата.
Пред присутните во име на локалната се обрати секретарот на општина Охрид Димитар Спасески. Тој каже дека е особено горд, што годинешната прослава општина Охрид ја посветува на нашите најмлади сограѓани кои со својот труд, умешност, знаење и посветеност успеја да ги освојат највисоките одличја на сите општински, регионални и државни натпревари. „ Ова за нас како општина претставува гордост, но и обврска со понатамошни инвестиции во рамки на образовните институции, било од инфраструктурен карактер, било од интервенции во наставната програма да воведуваме што повеќе европски практики“, истакна Спасески.
„Нашата тенденција е во иднина овие деца да продолжат по патот на знаењето и се надеваме дека овие симболични награди кои денес им ги доделивме ќе бидат потик и стремеж да продолжат понатаму, се со една и единствена цел сите заедно да го оправдаме епитетот на градот Охрид, а тоа е „Охрид лулка на знаењето“, истакна секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески.
Спасески додаде дека локалната самоуправа посебно внимание во своето работење ќе посветува на образовниот процес и образовните институции во градов.
„Градоачалникот и комплетно локалната смаоуправа посветува особено внимание на овој дел и дел од нашата програма, не случајно е и секторот образование. Планираме комплетно реформирање на образовните институции, инфраструктурни инвестиции и се разбира овозможување на добивање на Европски проекти кои преку европските образовни програми ќе ни донесат европски искуства во нашите училишта. Тоа е наш сериозен предизвик кој се надевема дека за скоро ќе ни ги даде посакуваните резултати“, истакна Спасески.
На најдобрите охриѓанчиња кои на општински, и државни натпревари освоија награди секретарот во име на општина Охрид им врачи скромни подароци. Тој при тоа кажа дека искрено верува дека за нив овие подароци ќе претставуваат потик и понатаму да продолжат да одат по патот на знаењето, при тоа истакнувајќи дека за нашата општина тоа ќе значи уште поголеми успеси и оправдување на епитетот „Охрид лулка на знаењето“.
Инаку 24 мај Денот на сесловенските просветители, со повеќе свечености се одбележа и низ земјава.
Организираното чествување на Кирил во Ватикан првпат се одржа во 1969 година за 1100 години од смртта на свети Кирил, и оттогаш секоја година на 24 мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. Традиционално, 24 Мај беше ден само на образовните институции и просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник на Република Македонија.
{loadposition content9}