Skip to main content

Полски туристи

25.000 туристи од Полска

За Првомајските празници се очекуваат првите организирани групи туристи од Полска. Според прогнозите на АППТ годинава на брегот на Охридското Езеро ќе летуваат околу 25.000 гости од Полска. Очекувањата за летната сезона 2022 се оптимистички.
 |  инфодеск  | 
Полски туристи за летната сезона

За Првомајските празници доаѓаат првите организирани групи од Полска. Руско – украинската криза не ги поколеба полјаците да летуваат на брегот на Охридското Езеро.
Оваа сезона се очекуваат 25.000 туристи од Полска да ги посетат Охрид и Струга. Тоа го потврдиле полските туроператори, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

„Јас исконтактриав со скоро сите полски туроператори. Можам да кажам дека еден полски туроператор потврди помеѓу 5.500 до 7.500 туристи за 2022 година. Не би сакал да ги откривам имињата на туроператорите. Се надевам дека во 2022 година ќе имаме ист или поголем број на полски туристи. Всушност, во 2021 година имавме 19.000 полски туристи, се надевам дека оваа година ќе стигнеме до бројката од 25.000“ – вели Љупчо Јанески, директор на АППТ.

На поусшешна туристичка сезона се надеваат и локалните туристички работници.

„За среќа пандемијата полека заминува, но сепак, сега се соочуваме со друга криза, војна што никој не ја посакуваше и очекуваше. Војна што носи проблеми, криза, која што се надеваме нема да се одрази како пандемијата. Согласно најавите што ги имаме и сите очекувања, оваа сеозна ќе биде успешна. Далеку сме од чекувањата дека ќе ги оствариме бројките од 2019 година, но сепак очекуваме дека оваа година 2022 ќе биде поуспешна. Се надеваме дека туристичкиот сектор ќе земе замав и ќе закрепнеме од последиците“ – вели Јаким Маленко, туроператор од Охрид.

Оптимизмот, после пандемијата, го поткрепуваат најавените нови авио линии на компанијата Визер.

„Ќе имаме нова авио линија Марибор – Скопје, со тоа што Словенија повторно се поврзува со нас. Се надевам за брзо време ќе имаме добри вести и кога е во прашање линијата Охрид – Белград. Дополнително, од 2023 година ќе размислуваме за лет Софија – Охрид и Охрид – Варна и поголем број линии кои ќе го поврзуваат нашиот регион. Исто така, тенденцијата на АППТ за 2023 година е да имаме дополнително брендирање на самата дестинација во 2022. Во 2023 година да ја започнеме поголемата национална кампања во регионот и во европските земји, за Македонија како туристичка дестинација на Гугл и Јутуб – додава Јаневски.

Велигденските празници донесоа половична исполнетост на хотелските капацитети и приватното сметување на брегот на Охридското Езеро. Се очекува, Првомајските и Рамазанските празници да привлечат поголем број туристи.


Новинар Соња Рилковска