Skip to main content

25-ти роденден на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид

Во Домот на културата во Лескоец, Охрид се одржа голема прослава по повод роденденот на теквондо клубот Хва Ранг ИТФ, како и отворањето на новата сала каде младите теквондисти ќе ги усовршуваат своите вештини.На свечената прослава која помина во одлично светло беа презентирани вештините кои младите теквондисти ги научиле во текот на тренажниот процес во клубот.

 |   | 

Посетителите имаа можност да проследат атрактивни техники кои досега во Македонија за прв пат беа демонстрирани, кршење штици со најтарактивни удари во скок , а исто така домаќините се погрижија оваа прослава да биде што побогата, така што имаше презентација на видео матерјал на фотографии и снимки од сите 25 години, а воедно беа изложени и нивните освоени медали и пехари кои беа во огромен број. Хва Ранг ИТФ континуирано постигнува големи резултати на меѓународните натпревари и во својата колекција има голем број на освоени медали и признанија.

„Горди сме што имаме ваков тим кој континуирано постигнува успеси. Се надевам дека со отворањето на новата сала, каде ќе имаме и подобри услови за работа ќе ја кренеме летвичката на повисоко ниво и во иднина ќе носиме уште поголеми успеси за клубот и државата. “– коментираше првиот човек на клубот Хва Ранг ИТФ, Марјанчо Лазаревски.